Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Повеќе од 4,6 тони небезбедна храна уништиле инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во септември годинава. Дополнително, операторите со храна, во истиот временски приод уништиле уште 6,6 тони небезбедна храна.
Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија продолжува да ја зајакнува соработката со земјите во регионот во рамки на своите надлежности. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, потпиша Договор за соработка во областа на ветеринарната политика и безбедноста на храната со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Србија, како основа за развивање и унапредување на овие области во двете земји.
Делегација од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), предводена од директорот Зоран Атанасов, денес, во Софија, Република Бугарија, присуствува на 12 Научна конференција на тема "Климатските промени -глобална закана за синџирот на исхрана".
Воспоставување на техничка и административна соработка во областа на безбедноста на храната и ветеринарната политика, размена на информации и зајакнување на капацитетите на претставниците од академската и научната заедница со организирање на едукативни и научни настани за размена на идеи и искуства, договорија денес во Софија, Република Бугарија, првите луѓе на македонската Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов и проф. д-р Паскал Желјазков, од бугарската Агенција за безбедност на храната.
Агенцијата за храна и ветеринарство најостро го осудува обидот на Цветан Трипуновски, член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ со денешната изјава  и презентирањето на невистини да ја доведе во заблуда јавноста
Претставници од Секторот за проценка и комуникација на ризик од  Агенцијата за храна и ветеринарство земаа учествуваа на III- та Хрватска конференција за проценка на ризик од храна во рамки на која беше одбележан Светскиот ден на храната 2019.
Од 2020 година, државите од Југоисточна Европа да престанат со вакцинација против болеста јазлеста кожа, со исклучок на оние кај кои постои непосреден ризик од нејзино пренесување од соседните земји со кои граничат, а каде е потврдено нејзиното присуство.
Олеснување на трговијата со овошје и зеленчук меѓу земјите членки на ЦЕФТА во согласност со европските регулативи и барања, со интегрирање на новите правила од областа на здравјето на растенијата и спроведувањето на официјалните контроли во националното законодавство.
Проширување на трговијата со стоки и услуги, негуваат инвестиции преку фер, стабилни и предвидливи правила; елиминирање на бариерите за трговија меѓу страните; обезбедување соодветна заштита на правата од интелектуална сопственост во согласност со меѓународните стандарди; и усогласување на одредбите за современата трговија.
Повеќе од 3,4 тони храна од животинско и неживотинско потекло била уништена во август годинава како небезбедна, од страна на инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство ( АХВ) и операторите со храна. Во август биле спроведени вкупно 3.707 инспекциски контроли од кои 2.685 редовни, 294 контролни и 728 вонредни.