Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски денес имаше работна посета на Општина Делчево при што заедно со градоначалникот Горан Трајковски направија увид и контрола врз досега преземените мерки за спречување на појавата и ширењето на Африканска свинска чума и ги дефинираа идните активности во кои активно се вклучени Локалната самоуправа и ЈКП „Брегалница“.
Реализирани и надминати плановите за развој на земјоделството, безбедноста на храната и субвенционирањето на производството
Заменик - министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски, денеска одржаа работен состанок со новинарите од медиумите кои активно го следат земјоделскиот сектор.
АХВ одзеде и уништи 29 неидентификувани свињи
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во рамки на засилените контроли пред новогодишните празници кои се спроведуваат и на добиточните пазари и прометот со живи животни, со цел зајакнување на мерките за спречување на појава и ширење на болеста Африканска свинска чума кај свињите, викендов (сабота, 18.12.2021 година), во соработка со Министерство за внатрешни работи спроведе контрола на прометот на живи животни на добиточниот пазар во Струмица и во Куманов...