Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
АХВ одговорно и професионално се справува со африканската свинска чума
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ја демантира и осудува изјавата на претседателот на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, дека ветеринарните власти не презеле никакви мерки за заштита од вирусот на африканска свинска чума во изминативе години и во опасност го довеле опстанокот на свињарството во земјава.