Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Тригодишното улично куче Изи, вдомено во Скопје, прво доби бесплатен микрочип, со што и официјално почна кампањата на Агенцијата за храна и ветеринарство за идентификација и регистрација на домашните миленици. Микрочипот на Изи денеска му го аплицираше директорот на Агенцијата Зоран Атанасов, кој воедно е и ветеринарен лекар.
На 1 септември почнува кампањата за бесплатна идентификација и регистрација на домашните миленици при што бесплатно ќе се изврши нивно микрочипирање. Кампањата ќе трае до 31 март идната година, односно до целосно искористување на набавената количина од 100 илјади микрочипови. Кампањата ќе се спроведе по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Откако во земјава беа утврдени производи со ГМО, а според македонските закони присуството е комплетно забрането, сега Агенцијата за храна и ветеринарство, ќе го менува правилникот за да го усогласи со европската регулатива.
Агенцијата за храна и ветеринарство објавува ЈАВЕН ПОВИК БР. 1 /2018 за вршење на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните. Врз основа на член 40 став (8) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11,
Поедноставување на процедурите за добивање одобренија за лекови кои се користат во ветеринарството, поевтинување на постапката за одобрување на лековите за ретки болести и ретки животни, како и поголема контрола на употребата на лековите кај животните за да се заштитат луѓето, предвидуваат предложените измените на Законот за ветеринарно медицински препарати подготвени од Агенцијата за храна и ветеринарство. Измените на законот, информира МИА, предвидуваат и воспоставување на национален центар за информирање од каде што ќе можат да се добијат податоци за тоа кој лек на кое животно и во која фарма е користен.
Дефинирање на потребите и предизвиците за зајакнување на интегрираниот надзор и контрола на инфекции со арбовируси, давајќи приоритет на јакнење на регионалните и прекуграничните стратегии и активности се дел од заклучоците од научната конференција на која вчера и денес се одржа во Рим Италија, а на која учествуваше директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов.
До крајот на септември се очекува да биде подготвен текстот на нацрт Правилникот за ставање во промет на мали количини производи од животинско потекло и во географско ограничени услови, кој го подготвува работната група во која учествуваат претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, Факултетот за земјоделски науки и храна и невладината организација Слоу Фуд, информира на работниот состанок кој вчера го одржа директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов и раководни лица од Агенцијата со претставници на невладината организација Национална федерација на фармери.
Агенцијата за храна и ветеринарство ги доби резултатите од суперанализите на соините трошки и соините шницли, кои, на барање на операторот со храна се вршеа во референтна лабораторија во Европската унија. Истите, како што беше констатирано и со првичната лабораториска анализа, потврдија присуство на ГМО.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во маркети низ Македонија открила мелено месо за ќебапи и плескавици со пилешко кое било декларирано како свинско, говедско или мешано (говедско и свинско).Месото е повлечено од продажба, информира Македонската информативна агенција МИА, а операторите со храна се парично казнети – со по 5.000 евра како правен субјект, односно со по 1.700 евра одговорните лица во компанијата.
Агенцијата за храна и ветеринарство издаде налог и во моментов врши вонредна инспекциска контрола кај операторот со храна производител на леб и бели печива, по објавената фотографија на социјалните мрежи за еден од објектите на операторот, на која се гледа глодар на една од масите каде се послужува храна. Во рамки на законските надлежности, инспекциските служби на Агенцијата вршат проверка дали од страна на овој оператор со храна се почитуваат пропишаните општи и посебни барања за безбедност на храната, вклучително и тоа дали се спроведени мерките за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.