Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари
Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисија од 10 до 13 Ноември 2025 година во Скопје се одржа Експертска мисија за имплементација на законодавството на ЕУ во врска со благосостојбата на животните, особено за животните што се користат за научни цели.
Изминатата недела АХВ заплени и уништи приближно 37 тони храна со поминат рок на употреба
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) неделава, при спроведена вонредна контрола кај оператор со храна, запленија и нештетно уништија приближно 37 тони храна, јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи и разни зачини, без декларации и на кои рокот на употреба им бил истечен од една до две години
Одржана TAIEX Експертска мисија за имплементација на законодавството на ЕУ во врска со рециклирани производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храна
Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисија од 3 до 5 ноември 2025 година во Скопје се одржа Експертска мисија за имплементација на законодавството на ЕУ со националното законодавство во врска со рециклирани производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храна.



