Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

slide

Високите температури ризик од труење со храна, опасни се и за животните

31.07.2026

Новото најавено зголемување на дневните температури, кое според метеоролозите во одредени региони ќе достигне 40 степени, ги зголемува ризиците од појава на труење со храна. Високите температури претставуваат потенцијална опасност и за здравјето на животните доколку за нив навреме не се преземат мерки за обезбедување доволни количини безбедна храна и вода за пиење.

Водата во Гостивар може да се користи како техничка, продолжува испораката на флаширана вода

27.07.2026

Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за приготвување храна. Ќе продолжи испораката на флаширана вода, информира денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Панче Тошковски.

Според него, сè уште не немало потврда согласно мерењата дека може да се користи за пиење, ниту пак за подготвување храна.

Во Гостивар спроведени 70 вонредни контроли

24.07.2026

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во вторникот, во Гостиварско спроведоа 70 вонредни надзори со кои беа опфатени промет, кафе барови, пицерии, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници, производство и пакување на овошје и зеленчук и др оператори со храна. Акцент при контролите беше ставен на утврдување дали операторите од овој регион ја почитуваат донесената забрана на АХВ за употреба на водата од гостиварскиот водоснабдителен систем.

 

Забраната за водата во Гостивар останува на сила, операторите да користат само технички безбедна вода

21.07.2026

“Забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод за пиење и подготовка на храна останува во сила за сите граѓани, угостителски објекти и оператори со храна сè додека лабораториските анализи не потврдат дека водата е безбедна.

Директорот на АХВ одржа работен состанок со претставници на млечниот сектор

17.07.2026

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, д-р Оливер Миланов, одржа работен состанок со директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова, претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), како и со претставници на млекопроизводителите и млекопреработувачите од Република Северна Македонија.

10 ГОДИНИ ЗАКОН ЗА ЗДРАВЈЕ НА ЖИВОТНИТЕ ВО ЕВРОПА – 10 ГОДИНИ ДОСТИГНУВАЊА

09.07.2026

Делегација на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), предводена од заменик-директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Фадил Асани, учествуваше на Конференцијата на високи претставници - „Законот за здравје на животните – 10 години достигнувања“, што се одржа во Брисел, во организација на Европската комисија.

 

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ)  ја доби втората награда за Управување со квалитет во јавниот сектор

23.06.2026

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ)  ја доби втората награда за Управување со квалитет во јавниот сектор која денес, под мотото „Доверба, интегритет и резултати: темели на модерна и европска јавна администрација“, на одбележувањето на Денот на јавната администрација, на Директорот на

Претставници на АХВ учествуваа на настани организирани од ЕФСА во Подгорица, Црна Гора

12.06.2026

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство и Национален координатор за соработка со Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА), д-р Оливер Миланов, и помошникот координатор и Национален набљудувач во Мрежата на фокални точки на ЕФСА за Република Северна Македонија, м-р Мартин Јошески, од 26 до 28 мај 2026 година учествуваа на повеќе настани организирани од Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) и Управата за безбедност на храна, ветеринарство и фитосанитарни работи на Црна Гора во Подгорица.

Соработка----EFSA FOCAL POINT

08.06.2026

Во рамки на активностите за зајакнување на соработката со Европската Агенција за
безбедност на храната (ЕФСА), се одржа работен состанок со Барбара Галани,
Раководител на одделот за комуникации и партнерства на ЕФСА, на кој учествуваа
претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, вклучени во процесот на
собирање, обработка и доставување на податоци до ЕФСА.

Светски ден за безбедност на храната – 7 Јуни

08.06.2026

Безбедната храна е основа за здравјето, благосостојбата и одржливиот развој. Секој учесник во синџирот на храна – од производителите и преработувачите, до надлежните институции и потрошувачите – има важна улога во обезбедувањето храната да биде безбедна од нива до трпеза.

Утврдени манипулации во декларираните проценти на млечни масти во преработки од млеко

01.06.2026

Деведесет и една мостра од млеко и млечни производи и од сувомесни производи, од домашно производство и од увоз, земаа официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на вонредните контроли кои имаа за цел утврдување, дали реално производите по својот квалитет соодветствуваат со означеното на декларациите.

 

АХВ демантира дека е дадена изјава за заловеното животно во Козле

14.05.2026

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги демантира наводите објавени во неколку интернет портали дека АХВ дало изјава во врска со вчера вечер заловеното животно во скопската населба Козле, за кое се претпоставуваше дека е волк, односно дека истото е домашен миленик – куче, кое е чипирано и кое сопственикот

Учениците во Кратово беа едукцирани за одговорно користење на дигиталните платформи при купување на храна и додатоци во исхрана

11.05.2026

Чаевите и препаратите за слабеење кои се продаваат преку интернет или со агресивен маркетинг често содржат непроверени состојки и можат да предизвикаат сериозни здравствени последици, особено доколку се користат без стручен совет.

АХВ почна со локални активности за изработка на нова стратегија за решавање на проблемот со популацијата кучиња

06.05.2026

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), денес во Тетово ја одржа првата од серијата работилници „Ангажманот на локалната заедница во управување со популацијата на кучиња“.