Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

ЕФСА-Соопштение

Науката на дланка

23.11.2022
Европската агенција за безбедност на храна започна со објавување серија интервјуа во кои се разговара за теми поврзани со безбедност на храната а кои произлегуваат од истражувањето “Евро-барометар” спроведено на ниво на земји членки на Европската унија во 2022 година.

Повеќе простор, пониски температури, пократки патувања

09.09.2022
Според препораките објавени од Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА), обезбедување повеќе простор, намалување на максималните температури и одржување на времето на патување на минимум се потребни за да се подобри благосостојбата на фармските животни за време на транспортот.

АХВ носител на националните активности на кампањата на ЕФСА за африканската чума кај свињите

27.07.2022
Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) во соработка со надлежните органи на земјите во фокус (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Косово, Латвија, Литванија, Црна Гора, Македонија, Полска, Романија, Србија, Словачка, Словенија) започна со спроведување на третата фаза од кампањата за подигнување на јавната свест за болеста Африканска чума кај свињите (АЧС).

Проценка на ризик на регулирани производи - летна школа во Парма 2022

16.06.2022
Во организација на Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА), Универзитетот во Парма, Факултет за напредни студии за храна и исхрана и Католичкиот универзитет Сакро Куоре од Пјаченца, од 28 до 30 септември 2022 година, ќе се одржи летна школа во Парма 2022 на тема „Проценка на ризик на регулирани производи“.

Вебинар за софтверска алатка за проценка на ризикот за болеста глутен сензитивна ентеропатија (целијакија) од протеини

06.06.2022
Согласно Упатството на ЕФСА ГМО панелот за алергеност, за да се процени капацитетот на новел протеините во храната и храната за животни за предизвикување на болеста глутен сензитивна ентеропатија (целијакија), треба да се примени пристап за моделирање на пептид HLA-DQ, од случај до случај.

4та конференција за проценка на ризик од храна во организација на HAPIH

26.05.2022
Во пресрет на Светскиот ден за безбедност на храна, Хрватската агенција за земјоделство и храна (HAPIH) организира 4та конференција за проценка на ризици кои потекнуваат од храна која ќе се одржи на 6 и 7 јуни 2022 година на Факултетот за агробиотехнички науки во Осјек, Република Хрватска.

Заедничка кампања на земјите членки на ЕУ и ЕФСА #EUChooseSafeFood

18.05.2022
Цел на кампањата #EUChooseSafeFood е да им се помогне на потрошувачите да носат информирани одлуки при секојдневниот избор на храна. Кампањата што се одвива ширум ЕУ нуди практични и достапни информации за потрошувачите, совети што треба да ги користат при купување и консумирање храна - од помош да се чита означувањето на храната и да се разберат адитивите, до давање совети за подготовка и складирање храна.

ONE HEALTH конференција 2022 година

30.03.2022
Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) во соработка со Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), Европската агенција за хемикалии (ECHA), Европската агенција за животна средина (EEA), Европската агенција за лекови (EMA) и Заедничкиот истражувачки центар (JRC) на Европската комисија оваа година повторно организираат ONE HEALTH конференција која ќе се одржи во периодот од 21 до 24 јуни 2022 година ви Брисел, Белгија.

Јавна консултација за нацрт-секцијата за податоци во однос на способноста на вирусот на Африканска чума кај свињите да преживее и да остане одржлив во различни матрикси

29.03.2022
Јавна консултација за нацрт-секцијата за податоци во однос на способноста на вирусот на Африканска чума кај свињите да преживее и да остане одржлив во различни матрикси во однос на Научното мислење за проценка на ризик од Африканска чума кај свињите и способноста на производите или материјалите да претставуваат ризик за пренос на вирусот на Африканската чума кај свињите

Национално истражување за навиките во исхрана на детската популација во Република Северна Македонија

18.02.2022
Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Институтот за јавно здравје го спроведе проектот „Поддршка за национални истражувања во исхраната во сообразност со методологијата на ЕУ Мени (шеста поддршка) – Истражувања кај деца“. Истражувањето спроведено согласно европската методологија и прво од овој вид во Република Северна Македонија обезбеди база на точни и веродостојни податоци за навиките во исхраната на деца на возраст од една до девет години.

Проценка на мерките за контрола на болестите од категорија А од Законот за здравствена заштита на животните на ЕУ: Њукастелска болест

13.12.2021
Европската комисија и додели мандат на Европската агенција за безбедност на храна да направи проценка на ефикасност на некои од мерките за контрола на болести кои се наоѓаат на листата на категорија А согласно Регулативата (ЕУ) 2016/429 за трансмисивни болести кај животните (‘Закон за здравствена заштита на животните на ЕУ’).

Збирен извештај на Европската унија за надзор на присуство на ТСЕ зa 2020 година

03.12.2021
На 30 ноември 2021 година Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) го објави збирниот извештај на Европската унија за надзор на присуство на Трансмисивни спонгиформни енцефалопатии (ТСЕ) во 2020 година

Експертизата на ЕФСА како поддршка на политиката “Едно здравје”

21.05.2021
Европската Агенција за безбедност на храна го објави едиторијалот на тема „Експертизата на ЕФСА ја подржува политиката на пристапот „Едно здравје“. Во едиторијалот ЕФСА ја нагласува за соработка помеѓу различните научни дисциплини.

Заштита на пчелите: нов чекор во проценката на ризик

21.05.2021
На барање на Европскиот парламент, Европската агенција за безбедност на храна иницираше развој на холистичка проценка на ризик за повеќе фактори кај пчелите кои се чуваат за производство на мед. За таа цел, креиран е системски заснован пристап кој е составен од две основни компоненти: систем за следење и систем за моделирање, при кој како пример се земаат пчелите кои се чуваат за производство на мед.

ЕФСА – јавен повик

16.03.2021
Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) и Европска Агенција за хемикалии (ECHA) објавија јавен повик за развој на Упатство за влијанието на третманот на водата врз резидуите од пестициди и биоциди што можат да бидат присутни во природната вода наменета за производство на вода за пиење.

Јавна консултација за нацрт упатствата за поднесување досиеа за ензими во храната

12.03.2021
​​​​​​​Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) објави јавна консултација за нацрт упатствата за поднесување досиеа за ензими во храната. Во овој документ се опфатени научните податоци кои ќе бидат вклучени во апликациите за добивање одобрение за нови ензими во хранта, како и за продолжување на постоечките одобренија, а кои се доставуваат во соглсаност со Регулативата (ЕК) Бр. 1331/2008 и поврзаните имплементирачки акти.

Европска конференција за Xylella fastidiosa

03.03.2021
Во периодот од 26 до 30 април 2021 година Европската агенција за безбедност на храна ја организира третата европска конференција за Xylella fastidiosa во чии рамки ќе организира и последниот состанок на XF-ACTORS, истражувачки проект во рамките на EU Horizon 2020 посветен на оваа патогена бактерија кај растенијата.

Хармонизирано означување на предната страна на пакувањето и ограничувања во однос на тврдењата за храна

23.02.2021
На барање на Европската комисија, Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) треба да обезбеди научно мислење со цел да даде поддршка во развојот на идниот систем за обележување на храната на предниот дел од пакувањето кој ќе се користи на целата територија на Европската унија.

Препораки за подобрување на мониторингот кај инфекцијата предизвикана од SARS-CoV-2 (coronavirus) кај феретки и другите животни од фамилијата мустелиди

23.02.2021
По епидемијата предизвикана од SARS-CoV-2 на фармите со феретки низ цела Европа во 2020 година, Европската комисија побара од Европската агенција за безбедност на храна и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) да подготват научен извештај во кој ќе предложат повеќе опции за подобрување на стратегиите за мониторинг, кои ќе помогнат во контролата на ширењето и спречувањето на SARS-CoV-2 вирусот кај животните од фамилијата мустелиди (Mustelidae). Во оваа фамилија припаѓаат феретките, видрата, јазовецот, ласицата и други животни.