Северна Македонија го зајакнува капацитетот за подобрa вклученoст во Кодекс алиментариус

03.09.2019
Северна Македонија го зајакнува капацитетот за подобрa вклученoст во Кодекс алиментариус

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Кодекс Алиментариус аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Кодекс алиментариус од областа на безбедностa на храната, меѓу кои и Министерството за здравство, преку Институт за Јавно здравје на Република Северна Македонија (РСМ), Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во нашаата земја и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО).


Проектот насловен  „Зајакнување на националната Кодекс структура во земјата“ беше одобрен и ќе го имплементира Агенцијата за храна и ветеринарство со техничка поддршка на ФАО. Истиот е насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.


Активностите на проектот ќе почнат во месец септември со организирање на првата експертска мисија на која ќе учествуваат претставници од ФАО (Мери Кени, службеник за безбедност на храна и заштита на потрошувачи при Регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија, како техничкото контакт лице за проектот), Националната Агенција на Шведска за безбедност на храна (Carmina Ionescu, National Food Agency, Sweden) и Норвешката Агенција за безбедност на храна (Vigdis S. Veum Møllersen, Norwegian Food Safety Authority), кои воедно се и твининг партнери на нашата држава во овој проект.

 

Северна Македонија го зајакнува капацитетот за подобрa вклученoст во Кодекс алиментариус


Целта на мисијата е размена на информации и искуства, како и воспоставување на општи процедури за работата на Кодекс во Северна Македонија.


„Владата на Република Северна Македонија е благодарна на Фондот Кодекс на поддршката за јакнење на Кодекс структурата во земјата“, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов на денешната средба со претставниците на ФАО и контакт лицата за Кодекс од Норвешка и Шведска. Тој додаде дека овој проект е многу важен во процесот на имплементација на стандардите за безбедност на храната и фер практиките во трговијата со храна, што ќе придонесе кон позајакната заштита на потрошувачите и  унапредување на условите за трговија на македонски производи во регионални и светски рамки.


Во текот на мисијата што ќе се одржи во периодот од 2 до 6 септември 2019 година, предвидео е одржувзње на еднодневна работилница со претставници на институции вклучени во и засегнати од работата на Кодекс Алиментариус (Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фитосанитарната управа, Државната фитосанитарна лабораторија, Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија). Работилницата ќе биде посветена на запознавање на присутните со работата на Codex Alimentarius, анализа на ризик од аспект на Кодекс, ЕУ легислатива и Кодекс стандарди итн. Преставниците од релевантните институции исто така ќе бидат запознаени и со искуствата и процедурите поврзани со Кодекс во Шведска и Норвешка.

 

Северна Македонија го зајакнува капацитетот за подобрa вклученoст во Кодекс алиментариус


Комисијата Кодекс Алиментариус е заедничка Програма за стандарди за храна на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации - ФА) и Светската здравствена организација, одговорна за формулирање стандарди, кодекси на практика, упатства и препораки што ги сочинуваат Кодекс Алиментариус - важна глобална референтна точка за потрошувачите, производителите на храна и преработувачите, националните агенции за контрола на храна и сите вклучени во меѓународната трговија со храна. Со други зборови, со зајакнувањето на Кодекс структурата во земјата ќе се обезбедат соодветни алатки за активно учество во работата на Кодекс, со што ќе се искористат придобивките на стандардите за безбедност за храната. 
 

Ознаки
Категорија