Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

 
IPA

АХВ преку ИПА проект ќе дигитализира услуги

14.07.2021
Агенцијата за храна и ветеринарство, на предлог на Кабинетот на Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции е дел од ИПА проект со кој ќе бидат дигитализирани  неколку услуги кои АХВ ќе ги реализира електронски преку Националниот портал на е-услуги.

АХВ спроведе вонредни контроли во Охрид, Струга и Дојран

10.07.2021
Во ек на летната туристичка сезона, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат вонредни, засилени контроли на операторите со храна во туристичките центри во земјава. Во изминативе три дена, спроведени се вонредни контроли во Охридско - Струшкиот регион и во Дојран.

Бабовски, учесник на регионален состанок во Црна Гора за заштита на здравјето на животните

09.07.2021
Креирање на протокол за меѓудржавна регионална соработка и комуникација во контролата и сузбивањето на прекуграничните болести како што се синиот јазик и беснилото, преку размена на искуства и информации, со цел нивно ефикасно спречување и контрола, се дел од темите на кои вчера и денес, со високи претставници од Европската Унија и Светската организација за здравствена заштита на животните - ОИЕ, во Петровец, Република Црна Гора, дискутираа првите луѓе на ветеринарните служби на Република Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и соседна Србија.

Бабовски за Агротим: Правиме сѐ, граѓаните да консумираат здрава и безбедна храна

06.07.2021
Николче Бабовски, директорот на АХВ, во изјава за Агротим вели дека Агенцијата за храна и ветеринарство како институција прави сѐ што е во нејзина можност за граѓаните на нашата држава да консумираат безбедна храна.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство избран за член на УО на Платформата на OIE за благосостојба на животни

01.07.2021
На маргините на 88ма генерална сесија на Светското собрание на делегати на Светската организација за здравствена заштита на животните (OIE), се спроведоа затворени пленарни сесии на специјализираните комисии на OIE на кои беа избрани нови членови на неколку платформи.
 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Видео