Сточарите со дозвола ќе се движат и во полициски час

08.04.2020
Во однос на новата одлука на Владата на Република Северна Македонија, за забрана за движење на населението во земјава која стапува на сила од денес, среда, 08.04.2020, сточарите и земјоделците кои имаат работни обврски на фармите и на земјоделските површини, а кои се наоѓаат во атарот на селото во кое што живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.

Да се избегнува користење на апарати за кафе и за вода

06.04.2020
Заради избегнување на опасноста од евентуално пренесување на вирусот КОВИД 19, во услови на прогласена пандемија, постапувајќи согласно донесените мерки на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на заразата, Агенцијата за храна и ветеринарство препорачува да се избегнува користење на апаратите за автоматска  подготовка на кафе и апаратите за вода, кои се поставени на јавни површини.

АХВ подготвена за отворање на Поглавјето 12

06.04.2020
Агенцијата за храна и ветеринарство е подготвена за отворање на Поглавјето 12 - Безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика, од преговарачкиот процес за пристапување на земјава кон Европската унија, согласно новата методологија на Европската комисија.

Препорака за миленици

03.04.2020
Со појавата на пандемијата на вирусот COVID-19, од особено значење е да се сочува не само личната хигиена, туку и хигиената на домашните миленици и просторот во кој тие престојуваат. За таа цел, потсетуваме на неколку генерални правила, до кои, особено во овој момент, треба да се придржуваат сопствениците на домашни миленици.

За две недели спроведени 738 вонредни контроли

01.04.2020
Седумстотини триесет и осум вонредни контроли, спроведоа инспекторите за храна и официјалните ветеринари во изминатите две недели, во продавници, супер маркети, угостителски објекти и месарници, од стартот на засилените инспекциски контроли кои Агенцијата за храна и ветеринарство почна да ги спроведува кај операторите со храна, од 16 март годинава.
 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Видео