Отворени добиточните пазари

04.05.2020
Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение со кое од денес се отвораат за работа добиточните пазари на целата територија на земјава. Пазарите беа затворени на 20 март годинава, како дел од превентивните мерки на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширење на болеста КОВИД 19 кај луѓето.

Половина милион евра грант од ЕУ за борба против африканска чума

04.05.2020
Грант од ЕУ, вреден 540.740 евра, доби земјава за борба против африканската свинска чума. Договорот го потпиша Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), која беше иницијатор на поддршката уште во август минатата година. Според Договорот потпишан на 24 април, АХВ до крајот на 2020-та ќе треба да ги реализира планираните активности со кои аплицираше, а средствата потоа ќе и бидат рефундирани.

Атанасов за МИА: Инспекциските контроли фокусирани на кетерингот, малопродажбата и маркетите

02.05.2020
Граѓаните може да бидат спокојни. Инспекторите се постојано на терен. Покрај редовните, интензивно вршат и засилени, вонредни контроли. КОВИД-19 не може да се пренесе преку храната, со нејзина консумација, но може при механичко манипулирање – преку пакувањата на производите во маркетите.

Порталот Инфомакс неаргументирано обвинува за несовесно работење на инспекторите на граничните премини

30.04.2020
Без елементарно познавање на законските основи кои се однесуваат на безбедноста на храната, условите и начинот на контрола при нејзино производство, увоз и ставање во промет, но, пред се, без запазување на основните новинарски стандарди кои се однесуваат на објективното информирање, со објавениот текст ,,ЗAПЛEHETO MECO СЕ ПРЕПРОДАВА ПО ПИЉAPИ: Гpaнични инcпekтopи зaплeнyвaaт пpoизвoди кои потоа ги пpeпpoдаваат во свои дуќани”, интернет порталот infomax.mk, во јавноста пласира лаги и невистини за работата на граничните инспектори на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Промовирана новата енергетски ефикасна инвестиција на МИК Свети Николе

29.04.2020
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес, со Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија и првите луѓе на месната индустрија МИК Свети Николе, присуствуваше на промоцијата на новата инвестиција за подобрување на енергетската ефикасност на овој преработувачки капацитет. Станува збор за сопствена инвестиција на компанијата вредна еден милион евра со кои е поставена фотоволтаична централа и 2160 соларни панели. 
 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Видео