Директорот Атанасов одржа состанок со францускиот амбасадор Тимоние

01.03.2018
Постои отворена можност и желба за воспоставување институционална и бизнис соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Франција и на полето на безбедноста на храната, храната за животни и ветеринарството, но и размена на искуства кои ќе ја олеснат и интензивираат трговската размена меѓу двете земји, заклучија на денешниот работен состанок во Агенцијата за храна и ветеринарство директорот Зоран Атанасов и Кристијан Тимоние, амбасадор на Република Франција во нашава земја и претставници од Секторот за ЕУ и меѓународна соработка од Агенцијата и од француската амбасада. На состанокот беа презентирани приоритетите на Агенцијата за храна и ветеринарство и разгледани беа полињата на соработка во кои би се насочиле активностите на идната меѓународна соработка.

Почнува со работа македонскиот Систем за предупредување за небезбедна храна

01.03.2018
Од денеска почнува со работа Системот за брзо информирање и управување со небезбедна храна, храна за животни и материјали кои доаѓаат во контакт со храна, изработен по моделот на европскиот Rapid аlert system for food and feed (RASFF).

Презентирани европските искуства за новиот концепт за храна наменета за посебни категории потрошувачи

28.02.2018

Обезбедување и ефективно усогласување на Регулативата (ЕУ) бр. 609/2013 за храна наменета за доенчиња и мали деца, храна за специјални медицински цели и целосна замена на диетата (исхраната) за контрола на телесната тежина, во нов национален правилник, е цел на експертската мисија која со посредство на инструментот за претпристапна помош на Европската Комисија – TAIEX, се одржа за потребите на Секторот за храна од неживотинско потекло и членовите на Комисија за посебни видови храна при Агенцијата за храна и ветеринарство од 26 до 28 февруари.

Регистрацијата и идентификацијата на кучињата дел од приоритетите на Стратегијата за благосостојба на животните

28.02.2018
Македонија не знае колку кучиња скитници има, ниту располага со точна бројка на миленици. Општините, во чија надлежност се уличните кучиња, допрва ќе учат како да ги пребројуваат и допрва ќе формираат прифатилишта или ќе склучуваат договори со шинтерски служби.Како што најави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов на денешниот брифинг со новинарите, почнуваат интензивни активности за решавање на овие два проблема, регистрирање на кучињата скитници, но и целосно идентификување на милениците со микрочипови. Со ова се очекува да се стави ред, особено во руралните средини.

Нови перспективи за јонизирачкото зрачење на храната и во Република Северна Македонија

27.02.2018
“За прв пат оваа година Агенцијата за храна и ветеринарство ќе врши задолжителни испитувања на тоа дали и која храна во Република Северна Македонија е третирана со јонизирачко зрачење, како една од технологиите за продолжување на рокот на производите, која според законските прописи во Република Северна Македонија задолжително треба да биде означено. Почнати се контролите за чаевите и зачините, од домашно производство и од увоз. Ова се дел од обврските кон Европската унија од Поглавјето 12, кои се однесуваат на прашањата дали во Република Северна Македонија има капацитети за јонизирачко зрачење на храната и дали се вршат контроли од овој тип.
 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Видео