Потврдена болеста Њукастел на фарма за бројлери во Гази баба

09.04.2020
Агенцијата за храна и ветеринарство донесе Решение за  воведување на заштитни, контролни и дополнителни мерки, со цел контрола и спречување на ширење на вирусот на болеста Њукастел кај живината, која на осми овој месец, од страна на Факултетот за ветеринарна медицина е лабораториски потврдена во одгледувалиште на бројлери во општина Гази Баба. Во одгледувалиштето наложено е убивање и нештетно уништување и на угинатата живина, како и повлекување и уништување на дистрибуираната количина месо од живина кое потекнува од ова  одгледувалиште. 

За викенд домашните миленици ќе може да се шетаат три пати дневно

08.04.2020
За време на забраната и посебниот режим на движење на територијата на државата која стапува на сила од денес, среда, во 16,00 часот, сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и кои имаат домашни миленичиња (куче), од понеделник до петок ќе може милениците да ги изнесуваат надвор од своите домови за да ги прошетаат и да ги извршат физиолошките потреби и во вечерните часови, односно во временски период од 20,00 до 20.30 часот. 

Сточарите со дозвола ќе се движат и во полициски час

08.04.2020
Во однос на новата одлука на Владата на Република Северна Македонија, за забрана за движење на населението во земјава која стапува на сила од денес, среда, 08.04.2020, сточарите и земјоделците кои имаат работни обврски на фармите и на земјоделските површини, а кои се наоѓаат во атарот на селото во кое што живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.

Да се избегнува користење на апарати за кафе и за вода

06.04.2020
Заради избегнување на опасноста од евентуално пренесување на вирусот КОВИД 19, во услови на прогласена пандемија, постапувајќи согласно донесените мерки на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на заразата, Агенцијата за храна и ветеринарство препорачува да се избегнува користење на апаратите за автоматска  подготовка на кафе и апаратите за вода, кои се поставени на јавни површини.

АХВ подготвена за отворање на Поглавјето 12

06.04.2020
Агенцијата за храна и ветеринарство е подготвена за отворање на Поглавјето 12 - Безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика, од преговарачкиот процес за пристапување на земјава кон Европската унија, согласно новата методологија на Европската комисија.
 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Видео