Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Бабовски одржа работен состанок со Џерек Бас, нов политичко - економски советник на Амбасадата на САД во земјава

24.11.2021
Бабовски одржа работен состанок со Џерек Бас,  нов политичко - економски советник на Амбасадата на САД во земјава

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, денес, оствари работен состанок со г- дин Џерек Бас, нов политичко – економски советник во Амбасадата на Соединетите Американски држави во Република Северна Македонија. На состанокот беа презентирани приоритетите и активностите на Агенцијата за храна и ветеринарство и разгледани беа полињата за унапредување и насочување на идната меѓународна соработка. 

Во насока на унапредување на институционалната соработка како основа за унапредување на економската меѓу двете земји, г- дин Бас ја потенцира можноста за вклучување на АХВ во тековните и новите проекти кои се реализираат од страна на Амбасадата на САД во нашата земја, преку помош во организирање на обуки, работилници, семинари и слично. Како што рече тој, акцент во соработката ќе се стави на темите кои се од делокругот на работење на АХВ, но и на новите технологии, кои се директно поврзани со светскиот предизвик за справување со климатските промени. 

Бабовски изрази благодарност за понудената можност и потенцира дека АХВ располага со стручен и компетентен кадар кој со учество во проектите, покрај тоа што ќе има можност да ги унапреди своите знаења од областа на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните, ќе може адекватно да даде придонес и во реализацијата на проектите.

Ознаки
Категорија