![Агенција за храна и ветеринарство](/sites/default/files/styles/large/public/default_images/ahv-panel-fva-slide.jpg?itok=mSGkT6B-)
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство им го честита празникот Курбан Бајрам на граѓаните од муслиманска вероисповест и повикува на совесно и безбедно празнување. Најавува дека во наредниве денови ќе се интензивираат контролите во кланиците и во делот на спречување на нелегално колење животни на јавни површни, со цел обезбедување на високо ниво на заштита на здравјето на граѓаните и консумација на безбедно месо, кое потекнува од здрави животни, почитувајќи ги културните и религиските барања на верските заедници.
Во рамки на вонредните засилени контроли кои пред празникот Курбан Бајрам, ги спроведе Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Исламската верска заедница, Министерството за внатрешни работи, општинските комунални и инспектори за заштита на животната средина, изречени се 19 казнени мерки од спроведени деведесет контроли. Најголемиот број неусогласености се утврдени во Тетово и Гостивар и се однесуваат на непоседување на сертификат за здравствена состојба на животните, или за продажба на животни кои не се идентификувани.
Со спроведените контроли во Скопскиот регион и во другите општини, не се утврдени неусогласености.