Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Се интензивира соработката на РСМ и САД и на полето на безбедноста на храната

26.02.2021
Се интензивира соработката на РСМ и САД и на полето на безбедноста на храната

Интензивирање на соработката на полето на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните меѓу Република Северна Македонија (РСМ) и Соединетите американски држави (САД), преку унапредување на институционалната и бизнис соработка, се дел од темите на кои во рамки на денешниот работен состанок, разговараа директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски и  Ендрју Мофат, офицер за политички и економски работи во амбасадата на САД во РСМ.  На состанокот, истакната беше досегашната добра соработка на Агенцијата со стручните служби на САД, соработката во рамки на Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО, Codexs alimentarius и регионалните проекти, а  разгледана беше и иницијативата за унапредување на институционалниот капацитет на АХВ на полето на здравствената заштита и лабораториските капацитети. 

Директорот Бабовски ги претстави  активностите и приоритетите на кои работи Агенцијата за храна и ветеринарство на полето на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните, како и тековните проекти кои се реализираат.

Господин Мофат ги презентираше активностите кои ги реализираат во регионот на полето на биотехнологијата и најави можност за вклучување на Република Северна Македонија во регионалниот проект, чија реализација треба да почне наскоро, а во кој ќе бидат вклучени соседна Србија, Грција и Хрватска. Во поглед на трговските односи меѓу Република Северна Македонија и САД, Бабовски потенцира дека државава продолжува со реализација на извозот на мали, но, квалитетни земјоделски производи (сирење) на американскиот пазар и дека се прават напори за зголемување на асортиманот за пласман и на други македонски земјоделски производи во оваа земја. Високиот претставник на САД во земјава го истакна задоволството на САД од работењето на стручните служби на Агенцијата за храна и ветеринарство при реализација на досегашниот извоз на американски производи во земјава, најавувајќи дека покрај пласманот на пилешко и свинско месо, американски бизнис оператори се заинтересирани и за извоз на говедско месо во земјава. 

Од негова страна објаснети беа новите политики на САД  во областа на земјоделското производство, екологијата и  климатските промени, области во кои може и треба да се интензивира и идната соработка меѓу двете земји.

 

Ознаки
Категорија