Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.

Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите. Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.

Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.
 

Кодекс алиментариус соопштенија

Денеска, во Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство на Р.С.М. беше домаќин на првата национална конференција за подигнување на свеста за ЕФСА и за можностите за соработка во процесот на проценка на ризик.
Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Кодекс Алиментариус аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Кодекс алиментариус од областа на безбедностa на храната, меѓу кои и Министерството за здравство, преку Институт за Јавно здравје на Република Северна Македонија (РСМ), Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во нашаата земја и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО).
Над 16 тони храна од животинско и неживотинско потекло била уништена минатиот месец како небезбедна, во рамки на 5.904 контроли, кои во јули годинава ги спровеле инспекторите за храна и официјалните ветеринари при Агенцијата за храна и ветеринарство. Најголемиот дел од небезбедната храна, односно 16.039 килограми, била уништена од самите оператори со храна. 
Првите луѓе на македонската Агенција за храна и ветеринарство и Управата за ветеринарство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Србија, Зоран Атанасов и Емина Милакара, денес го потпишаа Протоколот за контроли во патниот сообраќај на граничниот премин Табановце - Прешево. Станува збор за прв договор од ваков вид во регионот со кој се воспоставуваат заеднички гранични контроли во меѓународниот патен сообраќај меѓу Република Северна Македонија и Република Србија.
До крајот на неделата Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово треба да испрати извештај до Агенцијата за храна и ветеринарство на Северна Македонија со анализа на соодветната програма за следење на производите од икра и материјал за порибување од Косово. Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на средбата со косовскиот министер за трговија и индустрија Ендрид Шала во Приштина кажа дека откако ќе бидат доставени сите потребни документи од косовската страна тогаш ќе биде  донесена одлука со која што ќе се овозможи увоз на икри и материјал за порибување од Косово.
Фармерите и малите производители ќе можат да ги пласираат своите производи до крајните потрошувачи и нема да зависат од откупувачите, но притоа ќе мора да ги исполнат соодветните хигиенски и безбедносни критериуми пропишани во новиот Правилник за барањата и условите и хигиена за производство и ставање во промет на храна од животинско потекло наменета за директно снабдување, локализирана активност и за примена на традиционалните методи на производство, преработка и дистрибуција на храна со традиционални карактеристики, кој денес, во Стопанска комора на Македонија  го промовираше Агенцијата за храна и ветеринарство.
Набавени се опрема и инструменти за подобра подготвеност и ефикасност во случај на појава на особено опасни заразни болести кај животните и тие се дистрибуирани до официјалните ветеринари. Алертот е дигнат на највисоко ниво и на активниот и на пасивниот мониторинг кој го презема Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ” – истакна директорот на АХВ Зоран Атанасов, на денешната обука за официјалните ветеринари, која се одржа на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје.
Согласно член 46, 47, 48 и 49 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.78/15, 106/15, 153/15. 190/16 и 21/18 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.101/19), а врз основа на Одлука за продажба на движни ствари, донесена од Владата на Република Северна Македонија, бр. 45-4772/1 од 04.07.2019 година, Комисијата за продажба и давање во закуп на движни ствари на Агенцијата за храна и ветеринарство формирана со Решение бр. 02-2230/3 од 18.07.2019, ја дава следната Објава 01/2019 за прва продажба на движни ствари по пат на електронско јавно наддавање.
Вирусот африканска чума не се пренесува кај човекот, туку само кај свињите, објаснуваат надлежните. Сепак, препорачуваат граѓаните да не внесуваат производи од животинско потекло кога одат на патување во странство и кога се враќаат назад. За дилемите на оваа тема, зборувавме со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов.
Не постои законски дефиниран рок во рамки на една календарска година за спроведување на вакцинацијата против болеста антракс од страна на ветеринарните друштва со кои Агенцијата за храна и ветеринарство има склучено договори за спроведување на Годишната наредба за здравствена заштита на животните.