Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.

Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите. Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.

Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.
 

Кодекс алиментариус соопштенија

Новото најавено зголемување на дневните температури, кои според метеоролозите во одредени региони ќе надминат 40 степени Целзиусови, ги зголемуваат ризиците од појава на труење со храна. Високите температури претставуваат потенцијална опасност и за здравјето на животните доколку за нив, навреме не се преземат мерки за обезбедување на доволни количини безбедна храна и вода за пиење.
Вкупно 4536 инспекциски надзори од кои 3389 редовни, 316 контролни и 831 вонредни, спроведоа инспекторите за храна и официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство во јуни годинава.
Поради опасност од болеста „африканска чума“, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопантсво донесе Решение со кое се одобрува отстрел на дивите свињи во земјава. Како што соопшти на денешната прес конференција министерот за земјоделство, шумарство и водстопанство Трајан Димковски, со оваа превентивна мерка почнува и ловната сезона, 60 дена пред рокот утврден со закон.
Во рамки на активностите за подигнување на нивото на безбедносни мерки со цел спречување на појава и ширење на  заразни болести кај животните, вклучително и на африканската свинска чума која е веќе присутна во соседна Бугарија, во Романија, Унгарија и голем број европски земји, Агенцијата за храна и ветеринарство набави опрема и инструменти  за подобра подготвеност и ефикасност во случај на појава на особено опасни заразни болести кај животните.
Во земјава нема „африканска чума“, ниту кај свињите на комерцијалните фарми, ниту кај популацијата диви свињи, соопшти денес на прес конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов.
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), од 5 до 11 јули, спроведоа вонредни инспекциски контроли кај операторите со храна во туристичките центри Дојран, Охрид и Струга.

Повеќе од 7 тони небезбедна храна од животинско и неживотинско потекло уништиле инспекторите за х

Без последици по здравјето, возрасните лица може да консумираат најмногу два енергетски пијалаци дневно. Ризик по здравјето постои доколку овој, на пазарот релативно нов тип пијалаци, се комбинираат со алкохол, пракса се поприсутна кај младата популација, кој е и најголем консумент на енергетски пијалаци.
Според Светската Здравствена Организација над 30-40% од случаите на заболувања поврзани со храната се јавуваат во домот. Многу истражувања и студии докажаа дека несоодветна манипулација со храната, лоша хигиена и практики во домот го зголемуваат ризикот од инфекции во домаќинствата.
Од задолжена институција со натрупани повеќегодишни финансиски долгови кои до јуни 2017 година достигнаа 498 милиони денари или околу 8,1 милиони евра, кон сточарите, ветеринарните друштва, лабораториите и другите испорачатели на услуги и состојба пред колапс на целокупниот систем за контрола на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), само за две години, прерасна во финансиски солвентна институција која редовно и навремено ги исплаќа обврските.