Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.

Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите. Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.

Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.
 

Кодекс алиментариус соопштенија

Агенцијата за храна и ветеринарство и годинава се вклучи во глобалното одбележување на Светскиот  ден на борба против беснило - 28 септември, кој ќе се одбележи под мотото “Беснилото завршува овде”.
За основите како да се биде одговорен сопственик, како да е однесуваме кон милениците, колку пати дневно и како да ги храниме, дали и колку често да ги носиме на ветеринар, што значи благосостојбата на милениците, но и како да бидеме одговори и совесни граѓани водејќи сметка и за бездомните животни, се дел од прашањата  на кои во предавањето се осврна универзитетскиот професор од Факултетот за ветеринарна медицина Пламен Тројачанец.
Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисија од 23-24 септември 2019 година во Скопје се одржа Експертска мисија за посебните барања за безбедност на природната минерална вода, изворската вода и друга пакувана вода со која претседаваше прим. д-р Ленче Јовановска, а како експерти од ЕУ учествуваа Г-ѓа Ilona Drulyte од Литванија и Г-дин Evangelius Mourelatos од Грција.
Стотина дечиња од три групи од детската градинка „Чекорче” во скопската населба Аеродром, денес беа дел од едукативниот настан на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за промоција на одговорното сопствеништво, која се реализира во рамки на активностите за одбележување на 28 септември, Светски ден на борба против беснило.
Првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, во придружба на градоначалникот на Берово Звонко Пекевски, вчера вечер одржа средба со жителите на беровското село Двориште.
Агенцијата за храна и ветеринарство и Министерството за здравство во соработка и со поддршка од Светската Здравствена Организација (СЗО) и Светската организација за здравствена заштита на животните (OIE), од 11-13 Септември 2019 година во Скопје, одржува работилници за унапредување и засилување на приодот „Единствено здравство“ за управување со заразните болести на животните и  хуманата популација - зоонозите.
Земјите од Југоисточна Европа, особено балканските, значително да го подигнат нивото на свесност за болеста африканска свинска чума и да преземат соодветни иницијативи за решавање на ситуацијата, а европските земји да вложат напор и да обезбедат транспарентност, доверба и споделување информации за државите во однос на состојбата со болеста.
Наместо, како до пред два месеца, да земаат по 70 денари за килограм, сточарите сега, со депопулацијата на домашните свињи, ќе добијат по 100 денари. Кога на тоа ќе се додадат и предвидените 3.000 денари субвенција, за една свиња тешка 80 – 120 килограми на сметката ќе им легнат вкупно 13 илјади денари, беше речено на вчерашната прес – конференција која се одржа во Стопанската комора на Македонија.
Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисија од 10-12 септември 2019 година во Скопје се одржува работилница „Хигиена, благосостојба на животни и биосигурносни стандарди на фарма“.
Во рамки на одбележувањето на 8 Септември, Ден на независноста на Република Северна Македонија, како дел од Владината делегација предводена од Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, на чело со директорот Зоран Атанасов, денес, на Градските гробишта Бутел во Скопје, оддадоа почит и положија свежо цвеќе на вечните почивалишта на порнашените претседатели на државата - Киро Глигоров и Борис Трајковски.