Спречувањето на создавање отпад од храна е приоритет кој е дефиниран во акциониот план на Европската унија за циркуларна економија и е усвоен од страна на Европската комисија во декември 2015 година. Како дел од тој акционен план, Комисијата побара поддршка во процесот на изнаоѓање начини за да се подобри употребата на датумот на продажба од страна на чинителите во ланецот на исхрана и толкувањето на иститот од страна на потрошувачите. ‘Датумот на продажба’ се користи како заеднички термин за датумите кои се однесуваат на ‘рок на траење’ и ‘употребливо до’. Ова претставува предуслов за иницијативите чија цел е да се намали количината на отпад од храна и да се компромитира безбедноста на храната.
На барање на Европската комисија, научниот панел за биолошки опасности на Европската агенција за безбедност на храна изработи научно мислење со кое се обезбедуваат насоки за датумот на продажба и сродните информации во насока на примена од страна на операторите со храна на Регулативата (ЕУ) Бр. 1169/2011 за информациите поврзани со храната кои се обезбедуваат на потрошувачите како интегрален дел од нивниот систем за управување со безбедност на храната. Со научните мислења требаше да се развие пристап заснован на ризик кој треба да го почитуваат операторите со храна при донесување одлука за видот на датумот на продажба, утврдувањето на рокот на траење и релевантните информации поврзани со храна кои треба да бидат обезбедени на етикетата на производите со цел да обезбедат безбедност на храната.
Целиот текст на научното мислење може да се прочита на следниот линк