Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Добри практики во секторот добиточна храна

01.12.2020

Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) во соработка со Меѓународната федерација на индустријата за добиточна храна (International Feed Industry Federation - IFIF) објави Прирачник на тема „Добри практики во секторот добиточна храна“ – Имплементирање на Кодексот на практика на Кодекс Алиментариус за добри практики во исхраната на животни.

Забрзаниот раст на светската популација во последните децении во комбинација со урбанизацијата и промените во животниот стил, како и навиките во исхраната, ја зголемија потрошувачката на храна од животинско потекло. Овој тренд е особено значаен кај многу економии во развој, каде што зголемувањето на приходот по глава на жител доведе до поголема потрошувачка на животински протеини. Зголемената побарувачка на животински производи е задоволена главно преку интензивирање на системите за производство, како и насочување кон производство на живина и свињи. И двете се поврзани со зголемена употреба на добиточна храна и претставуваат предизвик во некои производствени средини.

Прирачникот содржи сеопфатни информации и практични упатства кои што ќе им помогнат на земјоделците, производителите, како и на сите засегнати страни да се усогласат со барањата на Кодексот на практика на Кодекс Алиментариус за добри практики во исхраната на животни.

Примената на Кодексот е важен чекор за проширување на меѓународната трговија со добиточна храна и производи од животинско потекло. И земјите извознички на храна, како и земјите увознички, имаат корист од поголема и побезбедна трговија со добиточна храна и производи од животинско потекло.

Покрај тоа, прирачникот ќе биде од голема важност за националните надлежни органи, особено за оние кои спроведуваат официјални контроли поврзани со добиточната храна, а може да послужи и како прирачник за обука и водич за формирање национални здруженија за добиточна храна.


Прирачникот може да се преземе на следниот линк:

 

dobri praktiki