Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.

Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите. Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.

Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.
 

Кодекс алиментариус соопштенија

Високите биосигурносни мерки на фармите – гаранција за елиминирање на африканската чума кај свињите
Во време на високи цени на електричната енергија, кога се повеќе граѓани јавно го искажуваат својот страв за тоа дали храната се чува на соодветна температура, од Агенцијата за храна и ветeринарство велат дека се свесни за потенцијалната опасност, поради што инспекторите добиле налог за контроли на ладниот систем за чување на храна.
Започна депопулизацијата и еутанизацијата на свињи во Карбинско - штипскиот регион поради болеста африканска чума...
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, се обрати на отворањето на 9-от Меѓународен научно - стручен собир “Денови на ветеринарна медицина 2022”,  кој од 22 до 25 септември се одржува во Охрид во организација на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, а во соработка со Ветеринарната комора на Република Северна Македонија.
Првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николе Бабовски, во гостувањето на утринската програма на ТВ Телма се осврна на актуелната состојба со болеста африканска чума кај сињите во нашата земја.
АХВ ги информира потрошувачите дека од пазарот се отповикуваат небезбедни производи виршли од брендот Wudy поради присуство на атогена бактерија Lysteria monocitogenes ST 155
Врз основа на добиена нотификација за пласиран небезбеден производ на пазарот во Република Северна Македонија, – виршли од брендот Wudy, кај кои вo земја членка на ЕУ, било утврдено присуство на бактерија Listeria мonocytogenes ST 155, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (RASSF) на Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), нареди итно повлекување...
Комплексноста на синџирите за снабдување со храна и зголемената важност на глобалната трговија со земјоделски производи создаваат нови и уште поголеми предизвици за управување со безбедноста на храната.
Според препораките објавени од Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА), обезбедување повеќе простор, намалување на максималните температури и одржување на времето на патување на минимум се потребни за да се подобри благосостојбата на фармските животни за време на транспортот.
Во рамките на проектот како дел од активностите опфатени со четвртата проектна компонента на 7 септември 2022 година се одржа првата еднодневна работилница за Анализа на ризик...