Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.

Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите. Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.

Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.
 

Кодекс алиментариус соопштенија

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, во првите три месеци од годинава спроведоа вкупно 12149  инспекциски контроли, од кои  редовни 6451, контролни 2525 и 3173 вонредни контроли.
Во видеото во прилог, директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски говори се за начинот и постапката за пријавување на каснување од куче, кому граѓаните треба прво да се обратат, до кого да ја адресираат пријавата
Со авионско фрлање на вакцинални мамки од аеродромите во Скопје и Штип, со техничка и финансиска поддршка од Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство ја спроведува пролетната кампања за вакцинација на лисиците против беснило.
Цел на кампањата #EUChooseSafeFood е да им се помогне на потрошувачите да носат информирани одлуки при секојдневниот избор на храна. Кампањата што се одвива ширум ЕУ нуди практични и достапни информации за потрошувачите, совети што треба да ги користат при купување и консумирање храна - од помош да се чита означувањето на храната и да се разберат адитивите, до давање совети за подготовка и складирање храна.
Подобрување на комуникацијата и соработката меѓу ветеринарните служби во регионот, а со тоа подобрување на здравствената состојба кај домашните животни што директно влијание врз јавното здравје е целта на Вториот форум на директори на ветеринарните служби од регионот на Западен Балкан, што денеска и утре се одржува во Охрид во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Агенцијата за храна и ветеринарство, утре и задутре (20-21.04.2022 година) во Охрид ќе биде домаќин и претседавач со “2 Форум на директори на ветеринарните служби од земјите од Западен Балкан зa комуникација и соработка”.
Во пресрет на 2 Форум на директори на ветеринарните служби од земјите од Западен Балкан зa комуникација и соработка кој утре и задутре ќе се одржи во Охрид, а чиј домаќин е Агенцијата за храна и ветеринарство, првиот човек на Агенцијата, Николче Бабовски, денес оствари работен состанок со Саша Бошковиќ, директор на Канцеларијата за ветеринарство при Министерството за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина.
Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека операторот со храна Aтлантиc Траде ДОО Скопје  ги отповикува Киндер Мини Микс Пелуче, Киндер Супрајз Макси, Киндер Шокобонс
Атлантик Трејд Скопје ДОО Скопје  ја информира АХВ дека го проширува повлекувањето од пазарот на целото производство (сите серии и производи со сите рокови на употреба) на Киндер Шокобонс (46 и 125 гр.), Киндер Сурпрајз  Макси 100г и Киндер Мини Микс Пелуче (133 гр.).
Врз основа на лани спроведените скоро 50 илјади инспекциски контроли, констатирани се само 69 неправилности во однос на несоодветна и нецелосна декларација на производите и доведување во заблуда на потрошувачите.