Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

АХВ спроведе вонредни контроли во кујните на основни и специјални училишта во Скопје

01.12.2024
Агенција за храна и ветеринарство

При минатонеделните спроведени вонредни надзори во 36 училишни кујни  во основни и специјални училишта на територија на град Скопје, инспециските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најдоа само една кујна која не е регистрирана во АХВ. За утврдената недоследност, изречена е прехршочна санкција и наредено е итно регистрирање.

Со контролите, утврдени се недостатоци во поглед на неозначена и неселектирана храна, како и оштетени работни површини во 4 училишта, за што се издадени решенија со мерки за отстранување на недостатоците.

Во рамки на контролите, земени се примероци од храна и брисеви за микробиолошка анализа. Од земените примероци храна, по извршените лабораториски тестирања, утврдено е дека сите задоволуваат во однос на микробиолошките критериуми. Од земените брисеви само во едно училиште лабораториските тестирања детектираа незадоволителни резултати, за што од страна на инсопекциските служби на АХВ издадено е решение со мерки.

Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со  спроведување на вонредни инспекциски контроли кај операторите со храна на територијата на цела држава, со акцент контролите во кујните во училиштата и установите каде се згрижуваат граѓани од ранливите категории, каде контролите ќе се спроведуваат континуирано.

 

Ознаки
Категорија