Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Второто Собрание за истражување на проценка на ризик достапно за учество и преку web streaming

06.12.2022
Второто Собрание за истражување на проценка на ризик достапно за учество и преку web streaming

По првото и инаугуративно Собрание за истражување на проценка на ризик (Risk Assessment Research Assembly – RARA) кое Европската агенција за безбедност на храна го организираше во 2018 година, на 07 декември 2022 година се организира вториот RARA настан кој се одржува во Берлин, Германија.

Европската агенција за безбедност на храна го организира Собранието со цел да го стимулира усогласувањето помеѓу финансирањето на национални и истражувачки проекти на ниво на Европската унија преку обединување на телата кои обезбедуваат финансиска поддршка за спроведување на проектите, креаторите на политики/одлуки и водечките истражувачи од областа на безбедност на храната за да прикажат на кој начин резултатите од истражувањата може да го поддржат постигнувањето на целите за одржлив развој и целите предвидени со Зелениот договор.

Собранието е наменето за научни експерти, истражувачи, креатори на политики/одлуки, експерти заинтересирани за истражувачки програми како што е Хоризонт Европа, како и национални и глобални актери од областа на безбедност на храната и здравствена заштита на животните.

Во текот на еднодневниот настан ќе бидат одржани повеќе пленарни сесии придружени со панел дискусии кои ќе обезбедат меѓународни перспективи, како и три паралелни сесии за да се овозможи подлабока дискусија и интеракција помеѓу учесниците.

Настанот ќе го отворат г-дин Бернард Урл (Bernhard Url), извршен директор на Европската агенција за безбедност на храна и г-дин Андреас Хенсел (Andreas Hensel), претседател на Германскиот федерален институт за проценка на ризик (BfR).

Земајќи во предвид дека учеството на Собранието со физичко присуство е ограничено на 300 гости, Европската агенција за безбедност на храна обезбеди технички услови за пренос во живо.

Сите заинтересирани ќе може да го следат настанот со поврзување преку официјалната веб страна на RARA

Ознаки
Категорија