Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Успешно заокружен проект '' Градење на капацитетите на надлежните институции за безбедност на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика ''

11.12.2015
Успешно заокружен проект '' Градење на капацитетите на надлежните институции за безбедност на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика ''

Современо водење и управување на службите за безбедност на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика, како и изготвување на голем број имплементивни документи, прирачници и контролни листови за подобрување и унифицирање на работата на инспекциските служби се дел од спроведените активности од проектот „Јакнење на институционалните капацитети за безбедност на храната и фитосанитарната политика“. Ова денеска го истакна директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски на завршниот настан на проектот, за кој рече дека е од исклучителна важност, бидејќи за време на неговата реализација 60-тина експерти пренесоа искуство во 250 реализирани експертски мисии.спроведувањето на активностите од проектот, се обезбеди квалитетно зајакнување на административниот капацитет на секоја институција и корисник поединечно, истакна Поповски.
Нагласи дека со проектот се овозможи подобрување на системите за анализа на ризик како и проценка на ефективноста на работењето на инспекциските служби....Информира дека се реализирани и 116 обуки за персоналот и надлежните служби како и за операторите со храна и земјоделци.
Амбасадорот на Европската унија во Република Северна Македонија Аиво Орав потенцира дека заштитата на луѓето, животните и процесот на производство на храна се од голема важност за Европската унија. За таа цел, рече тој, Унијата им помага на земјите кандидатки за членство да извршат реформи кои ќе бидат во согласност со ЕУ стандардите за безбедно производство на храна. Појасни дека, меѓу другото, парите од проектот се за легални акти, тренинг и водич - брошури за инспектори за контрола и мониторинг.
Според Мина Барова - тим лидер на проектот главната цел е подобрување на заштитата на здравјето на луѓето, животните и растенијата со зајакнување на инаституционалниот капацитет на системот за безбедност на храна.
- Намената на овој проект е да ја подобри институционална рамка за безбедност на храната со јакнење на постоечкиот систем на надлежните тела и институции со цел да се осигура интегриран и мултидисциплинарен пристап кој ги опфаќа сите фази на синџирот на храната, истакна Барова.
Таа појасни дека Проектот содржи три компоненти. Првата е наменета за административно и институционално зајакнување на Агенцијата за храна и ветеринарство, фитосанитарната управа и државната фитосанитарна лабораторија. Компонентата два е фокусирана на фитосанитарните мониторинг програми и третата се однесува на подготовка за акредитација на службите за инспекција во согласност со соодветните стандарди на Унијата.
Проектот се спроведува од јануари 2014 година, а се реализира со финансиска поддршка на ЕУ од еден милион и 795 илјади евра, врз основа на договорот склучен во рамки на Иструментот за пристапна помош ИПА 2009.

Ознаки
Категорија