Во Велешко почна симулациската вежба за справување со болеста африканска чума кај свињите
Каква е подготвеноста и ефективноста на системот за справување со болеста африканска чума кај свињите при евентуална нејзина појава, но и кои мерки треба да се преземат за негово подобрување, се дел од прашањата на кои во рамки на симулациската вежба за болеста африканска чума кај свињите, денес и утре во Велес и во Башино село, одговори ќе бараат експерти од Европската унија и од Македонија