Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) организира отворен пленарен состанок на панелот за генетски модифицирани организми кој ќе се одржи на 25 и 26 октомври 2017 година во Парма, Италија.
Сите заинтересирани институции може да испратат експерти од областа на генетски модифицираните организми да присуствуваат на пленарниот состанок во улога на набљудувачи и истите може да се регистрираат најдоцна до 11 октомври 2017 година.
Регистрацијата се врши online на следниот линк:
https://ec.europa.eu/eusurvey/runner/GMO_OpenPlenary_October2017
Набљудувачите не плаќаат надомест за регистрација и присуство на состанокот, но транспортот и сместувањето се на трошок на самите учесници.
Со оглед на фактот дека бројот на учесници ќе биде ограничен, селекцијата на учесниците ќе се врши врз основа на принципот “прв пријавен – прв услужен”.
Заинтересираните можат да добијат дополнителни информации на следната адреса: focalpoint@fva.gov.mk.