Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

ЕФСА објави научен извештај “Болест на чвореста кожа: научна и техничка поддршка при спроведување на активности за контрола и надзор на болеста”

19.11.2018
ЕФСА објави научен извештај “Болест на чвореста кожа: научна и техничка поддршка при спроведување на активности за контрола и надзор на болеста”

Европската агенција за безбедност на храна преку својата мрежа на фокални точки проследи информација за објавен научен извештај “Болест на чвореста кожа: научна и техничка поддршка при спроведување на активности за контрола и надзор на болеста”.

Во извештајот се даваат совети за идеалното времетраење на програмите за вакцинација со цел елиминирање на болеста, а во исто време и се разгледува можноста од повторна појава на болеста и кои се можните методи за надзор. Појавата на жаришта на болеста на чвореста кожа во регионот на балканскиот полуостров драстично се намали за 95 проценти, односно од 7 483 во 2016 година на 385 во 2017 година.

Во 2018 година, во југоисточна Европа нема пријавени жаришта на болеста, иако во европскиот дел на Турција имаше пријава за појава на едно жариште.
Оттука доаѓа заклучокот дека колку е поефикасно вакцинирањето заради заштита на животните од болеста на чвореста кожа и колку повеќе стада се опфатени со вакцинацијата - толку пократко може да биде времетраењето на спроведување на програмата за вакцинација.
Целата информација е објавена на веб страната на ЕФСА и истата може да се прочита на следниот ЛИНК.

Категорија