Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Бабовски одржа билатерален состанок со српскиот колега Петровиќ

21.06.2023
Бабовски одржа билатерален состанок со српскиот колега Петровиќ

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, денес, во Ниш, Република Србија одржа билатерален состанок со неговиот колега, директорот на Управата за ветеринарство  на Република Србија, Милош Петровиќ. На состанокот присуствуваа и претставници на  Стопанската комора на Република Србија.

Во придружба на својот српски колега и претставници од Комората, директорот Бабовски го посети и Ветеринарниот специјалистички институт, каде  заеднички беа разгледани можностите  кои ги нуди иницијативата Отворен Балкан и ЦЕФТА договорот за олеснување на процедурата за  зголемување и олеснување на трговската соработка меѓи двете држави. За олеснување на процедурите, направени беа неколку  усогласувања во насока на интензивирање на трговската размена меѓу Република Северна Македонија и Република Србија.

Ознаки
Категорија