Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Успешно спроведена симулациската вежба за справување со болеста лигавка и шап

27.04.2023
Успешно спроведена симулациската вежба за справување со болеста лигавка и шап

Функционален и оперативен е воспоставениот систем за заштита од болеста лишавка и шап  во Република Северна Македонија, заклучија на денешниот завршен состанок   стручни лица на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Управата за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни работи на Република Црна Гора. Тие вчера, заедно со  претставници од Ветеринарната комора на РСМ и Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, на фарма во скопското село Петровец ја реализираа симулациската вежба за справување со болеста лигавка и шап.

 

Целта на вежбата која вчера се спроведе на терен беше проверка на плановите за итни мерки за справување со оваа болест и тестирање на воспоставените процедури во двете земји, со цел утврдување дали има и кои се недостатоците, соодветно да се направат корекции на истите, за да се обезбеди висок степен на заштита од ширење на болеста при евентуална најзина појава – вели директорот на АХВ Николче Бабовски.

 

 

2

 

На состанокот кој се одржа денес, учесниците направија евалуација на подготвеноста на плановите за итни мрки за справување со оваа болест и ги  утврдија добрите, но и слабите страни на одговорот при евентуална појава на болест кој вчера беше симулиран на терен.

 

Симулациската вежба за болеста лигавка и шап Агенцијата за храна и ветеринарство ја организира во соработка со Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (FAO) и Европската комисија за контрола на болеста лигавка и шап (EuFMD и Факултетот за ветеринарна медицина Скопје.

 

Успешно спроведена симулациската вежба за справување со болеста лигавка и шап

 

За спроведувањето на симулациската вежба за справување со болеста лигавка и шап, заклучи Бабовски, информирана беше и Светската организација за заштита на животните – OIE.

Ознаки
Категорија