Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Интервју со Николче Бабовски: Досега уништени повеќе од 83 тони храна, инспекторите ги проверуваат ладилниците

30.09.2022
Интервју со Николче Бабовски: Досега уништени повеќе од 83 тони храна, инспекторите ги проверуваат ладилниците

Во време на високи цени на електричната енергија, кога се повеќе граѓани јавно го искажуваат својот страв за тоа дали храната се чува на соодветна температура, од Агенцијата за храна и ветeринарство велат дека се свесни за потенцијалната опасност, поради што инспекторите добиле налог за контроли на ладниот систем за чување на храна.

 

 

– Досега, од страна на граѓаните имало две пријави – едната се покажала како неоснована, за другиот случај се проверува во моментов – вели директорот на Агенцијата за храна и ветерина, Николче Бабовски.

 

Тој појаснува дека покрај високите влезни трошоци за храна, контролите не покажале поголема количина на небезбедни, или несоодветно етикетирана храна. Во периодот за 8 месеци уништени се 83,7 тони небезбедна храна и има 6 кривични пријави.

 

– Агенцијата секојдневно е на терен, се врши редовен инспекциски надзор, има вонредни контроли, како и контроли по пријави. Од почетокот на оваа година до август имаме 30.105 инспекциски надзори од сите видови и притоа имаме констатирано одредени недоследности. За што се издадени 2.806 решенија против повеќе субјекти, од кои 55 се прекршочни пријави, 6 се кривини пријави, другите предмети се затвораат со тоа што им се помага на граѓaните да се заштитат нивните права, или да се едуцираат економските оператори – вели во разговорот за „Слободен Печат“ првиот човек на Агенцијата за храна и ветерина.

 

Како што објаснува тој инспекциските служби во изминатиот период уништиле 83,7 тони небезбедна храна, од кои 73.9 тони е храна од неживотинско потекло и 9.872 тони е храна која е од животинско потекло – додава Бабовски, коj во исто време ги повикува граѓаните да внимаваат каква храна купуваат, каде се чува и дали е запазен рокот за употреба.

Во однос на свинската чума, Бабовски ги повика сточарите да се однесуваат одговорно. Тој рече дека од 150.000 свињи досега со мерките против свинската чума опфатени се околу 3.300 свињи.

 

– Ако со 2 проценти уништени свињи, се спасат 98 отсто таквиот чекор вреди за напорот – посочува Бабовски.

 

Целиот разговор може да го погледнете во видеото:

Ознаки
Категорија