Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Република Северна Македонија доби статус на земја слободна од болеста чума кај мали преживари

25.06.2021
0

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доби официјално известување од Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ дека Република Северна Македонија (РСМ) го доби статусот на земја слободна од болеста чума кај малите преживари (овци и кози), со што го исполнивме условот земјава од страна на Европската Комисија да биде одобрена за извоз, не само на месо од овци и кози, туку и на живи животни и нивни производи.

 

Добивањето на сертификатот за слободна земја од оваа болест, согласно препораките од Научната комисија за болести кај животните и Светското собрание на делегати на ОИЕ, за Република Северна Македонија претставува основа за полесен пристап до меѓународните и отворање на нови пазари, но и мотив за уште поголемо унапредување на овчарството и козарството во земјава – соопштува Николче Бабовски, директор на Агенција за храна и ветеринарство.

За добивање на статусот на РСМ слободна земја од болеста чума кај мали преживари, Агенцијата за храна и ветеринарство до ОИЕ минатата година достави апликација и досие во кое детално беше наведена состојбата со болеста во земјава, постоечките контролни системи и поставеноста на ветеринарната служба, надзорот и други податоци релевантни за добивање на овој статус. Болеста чума кај малите преживари, додава тој, не е опасна за луѓето, но, причинува големи економски загуби кај овците и козите.

Болеста задолжително се пријавува во OIE и затоа и покрај добивањето на статутот слободна земја од болеста чума кај малите преживари, Агенцијата за храна и ветеринарство има обврска за задолжително информирање на ОИЕ за тековната и за евентуална промена на епидемиолошката состојба со болеста чума кај малите преживари – заклучува Бабовски.
 

1

 

Ознаки
Категорија