Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Најдени нови количини небезбеден путер

18.03.2021
Најдени нови количини небезбеден путер

Во рамки на засилените контроли во трговијата со млечни производи, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство на пазарот најдоа нови количини небезбеден путер, деклариран како Битолски путер Гурман (Bitolski Puter Gurman), во пакување од 0,5 до 1 килограм. Станува збор за производ произведен и пакуван во објект кој не е одобрен од Агенција за храна и ветеринарство, без надзор и инспекциска контрола и без идентификациска ознака.

Извршен е инспекциски надзор кај операторот со храна Тобако Трејд од Гостивар, кој го пакувал и дистрибуирал путерот на пазарот преку маркетите КИППЕР. За сторениот прекршок изречена му е глоба во висина од 2 илјади евра во денарска противвредност, а со 200 евра казнето е и одговорното лицево компанијата.  
На КИППЕР Маркет ДОО, наредено му е да изврши повлекување на овој производ од сите негови маркети и нештетно да го уништи на депонија, а ќе му биде изречена и глоба за набавка на производ без комерцијален документ.

Бидејќи гостиварката компанија не поседувала друга документација за тоа дали овој производ е дистрибуиран и кај други оператори, Агенцијата за храна и ветеринарство се сомнева дека путерот е пласиран и преку други маркети.

Се известуваат потрошувачите доколку го имаат купено овој вид на производ, истиот да не го консумираат, да го вратат на местото од каде го набавиле и за тоа да ја известат Агенцијата за храна и ветеринарство преку info@fva.gov.mk

 

Ознаки
Категорија