Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 000 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 000 210
Следува награда од 2500 денари

Уште едно жариште на африканска свиснка чума во Србија, донесено ново решение за забрана

01.02.2021
Уште едно жариште на африканска свиснка чума во Србија, донесено ново решение за забрана

Поради појава на ново жариште со болеста африканска свинска чума во Република Србија и спречување на можноста за евентуално нејзино пренесување и ширење и во Република Севрна Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство денес донесе решение со кое го забрани увозот и транзитот на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло кои потекнуваат и транзитираат низ Република Србија. Покрај забранетите региони во Србија, од април минатата година (Пиротски, Средно Банатски, Борски, Зајечарски, Подунавски и Град Белград), од денес на листата забранети региони се наоѓа и Нишавскиот регион. 

Во Република Северна Македонија нема евидентирано појава на болеста африкаска свинска чума. 

Заради спречување на нејзина појава и ширење на сила се решенијата за забрана за увоз и транзит на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло кои потекнуваат и транзитираат низ земјите и регионите каде е потврдено нејзиното присуство. Покрај за Република Србија, донесени и на сила се решенијата за забрана за увоз и транзит на домашни и диви свињи, производи и нуспроизводи од животинско потекло, семе за вештачко осеменување, јајце клетки и ембриони од свињи, - нуспроизводи и деривати на нуспроизводи од свињи, - свинско месо, производи од свинско месо, преработки од свинско месо, мешовити и други производи кои содржат свинско месо од Германија, Грција, Бугарија, Романија, Унгарија, Полска, Литванија, Латвија, Естонија, Словачка и Белгија, како и од регионот Сардинија во Италија.
 

Ознаки
Категорија