Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 000 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 000 210
Следува награда од 2500 денари

Извршено примопредавање на должноста директор на АХВ

17.12.2020
Извршено примопредавање на должноста директор на АХВ

Денес, во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) беше извршено примопредавање на должноста директор. Нов вршител на должноста директор на АХВ е Николче Бабовски. Тој на оваа позиција доаѓа од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, каде од август 2017 година ја извршуваше функцијата директор.

На примопредавањетно, досегашниот директор на Агенцијата Зоран Атанасов, му посака успех во работењето на новиот директор и го информираше за досегашните и идните  активности на Агенцијата.

Бабовски по професија е дипломиран доктор по ветеринарна медицина на Факултетот за ветеринарна медицина на Универзитетот во Белград и магистер по менаџмент на човечки ресурси на Универзитетот за менаџмент и туризам во Скопје.

Зоран Атанасов беше директор на Агенцијата за храна и ветеринарство од јуни 2017 година.

Ознаки
Категорија