Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 000 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 000 210
Следува награда од 2500 денари

Во јули август и септември уништени повеќе од 43 тони небезбедна храна

25.11.2020
Во јули август и септември уништени повеќе од 43 тони небезбедна храна

Повеќе од 14,8 тони небезбедна храна од животинско и неживотинско потекло, уништиле инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во рамки на спроведените 12 532 инспекциски надзори во третото тримесечје од годинава. Согласно Законот за безбедност на храна, од вкупно уништените над 43 тони небезбедна храна, во јули, август и септември, самите оператори уништиле 28,5 тони, кои не ги задоволувале критериумите за безбедност.

За констатираните недоследности со контролите, инспекторите за храна и официјалните ветеринари, во рамки на извршените 6 251 редовни, 1077 контролни и 5 204 вонредни инспекциски надзори, во овој временски период,  донеле 1 455 решенија, изрекле 467 мерки едукација, и поднеле 5 прекршочни пријави.

Агенцијата за храна и ветеринарство во третото тромесечје од 2020 година, нема евидентирано забранети ниту уништени пратки со увозни производи од неживотинско потекло и пратки со материјали кои доаѓаат во контакт со храната. Како небезбедни, забранет е влез во државава на четири пратки увозни производи од животинско потекло, со вкупна количина од 19 тони и 753 килограми. Во јули, август и септември, Агенцијата за храна и ветеринарство, нема евидентирано уништени производи од животинско потекло од увоз.

За извоз на храна од неживотинско потекло, во јули, август и септември, издадени биле 716, а за извоз на храна од животинско потекло – 458 сертификати.   
 

Ознаки
Категорија