Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 000 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 000 210
Следува награда од 2500 денари

АХВ продолжува со спроведување на интерни обуки

05.10.2020
obuki1

Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со спроведување на обуки за пренесување на знаењата и искуствата стекнати на меѓународни обуки за 2020 година

Согласно законските обврски за континуирана едукација пропишани во Законот за ветеринарно здравство и Законот за безбедност на храна, но и обврските кои произлегуваат од учеството на програмата „Подобра обука за побезбедна храна“ под покровителство на Европската комисија, во периодот од 5 до 8 октомври 2020 година во Прилеп, Агенцијата за храна и ветеринарство одржа интерни обуки за пренесување на знаењето и искуствата стекнати за време на меѓународни обуки во 2019 и 2020 година.

За време на актуелната обука се опфатени теми кои произлегуваат од едни од најактуелните прашања од областа на безбедноста на храната и здравјето на луѓето, како што се: хигиена на храна и флексибилност; контрола на материјали кои доаѓаат во контакт со храната; контрола на контаминенти во храна и храна за животни; ХАСАП и  аудит техники; ЕУ прописи на декларирање на храна и барања, како и специфични категории на храна, додатоци и сл., со осврт кон специфики во означувањето на храната од животинско потекло и неживотинско потекло; агенси за подобрување на храната (адитиви). Со цел стекнување на знаења и искуства посебно потребни за вработените во инспекциските служби во АХВ, посебен осврт се направи и на Законот за прекршоци и Закон за инспекциски надзор.

Агенцијата за храна и ветеринарство за прв пат ја воспостави Стратегијата за обуки на вработените во АХВ во 2012 година и истата сега е надградена со алатка за интерна дисеминација на знаењата со цел зајакнување на капацитетите на централно и на ниво на инспекциски служби, како и унапредување на системите за здравствена заштита на животните и безбедност на хранате.

На обуката земаа учество вкупно 60 вработени од АХВ, вработени на централно ниво и инспекциските служби.

 

2


 

Ознаки
Категорија