Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 000 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 000 210
Следува награда од 2500 денари

Засилените контоли одамна се дел од работењето на АХВ

06.09.2020
Агенција за храна и ветеринарство

Паушални и непроверени се наводите за потребата од поголема контрола на безбедноста на храната од страна на државните институции, особено во услови на пандемија со Ковид 19. Построгите контроли за кои како потреба алармирале експертите на неодамна одржаната меѓународна конференција за квалитет и безбедност на храна во Охрид, треба да знаат дека тие одамна се спроведуваат и се дел од секојдневните активности на Агенцијата за храна и ветеринарство и подеднакво се однесуваат на домашното производство и прометот и на храната која се увезува во земјава.

Повеќе од 25 илајди инспекциски контроли спроведени само во првите 6 месеци од годинава се доволна потврда за посветеноста на институциите кога е контролата на безбеднсота на храната во прашање. За работата на Агенцијата  и заложбите граѓаните да јадат безбедна храна, потврда се и бројките. Само од увоз од јануари до јуни, спречено е на пазарот да се пласираат приближно 105 тони небезбедна храна од животинско и од неживотинско потекло. Од домашниот пазар како небезбедни, во истиот период, уништени се приближно дополнителни 86 тони храна.

Позитивни оценки за довербата во работата на Агенцијата, неколку години по ред, даваат и граѓаните и компаниите, а тоа е доволен мотив за нашата институција посветено да продолжи со спроведување на трасираните политики за контрола на безбедноста на храната, а со тоа и за водење посветена грижа за здравјето на граѓаните.

 

Ознаки
Категорија