Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 000 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 000 210
Следува награда од 2500 денари

АХВ дел од акцијата на ИНТЕРПОЛ за спречување на измами со храна

30.07.2020
АХВ дел од акцијата на ИНТЕРПОЛ за спречување на измами со храна

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство беа дел од големата акција ОПСОН 9 на ИНТЕРПОЛ и Еуропол, во која Република Северна Македонија, учествуваше заедно со уште 82 држави и во која акцент беше ставен на трговијата со фалсификувана и неквалитетна храна и пијалаци. Акцијата се реализира во временски период од декември 2019 до јуни 2020 година.

Во рамки на законските дефинираните надлежности, официјалните ветеринарни на граничен премин, во насока на заштита од внесување на вирусот на високо патогена инфлуенца во Република Северна Македонија, спречија увоз на три пратки со по 21 тон механички обескостено пилешко месо кои потекнуваат од региони во Полска кои поради оваа болест биле забранети за увоз. 

Трите пратки пилешки МОМ од Полска, со вкупна количина од 63 тони, чиј увоз преку граничниот премини Табановце беше спречен, се нештетно уништени на депонијата Дрисла.  

Во март годинава инспекциските служби на Агенција, во рамки на акцијата ОПСОН 9 на ИНТЕРПОЛ И Еуропол, утврдија недоследност и кај еден оператор со храна кој увезол над 20 тони преработки од месо по потекло од Холандија. Кај него со лабораториските испитувања е утврдено дека постојат неусогласености кај декларираниот производ.

Од вкупно увезената количина месни преработки, околу 17  тони се вратени на извозникот од Холандија, а повеќе од 1,7 тони преработки од месо увезени во март годинава, се нештетно уништени. 
 

Ознаки
Категорија