За Курбан Бајрам месо да се купува од месарници

29.07.2020
За Курбан Бајрам месо да се купува од месарници

Во пресрет на големиот муслимански празник Курбан Бајрам, како одговорна институција за безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до граѓаните да не купуваат добиток од дивите пазари, каде нема гаранција за здравствената состојба на животните, со што во прашање се доведува здравјето на купувачите, а во услови на потврдено присуство на болеста син јазик кај овци и кози и во прашање се доведува и здравствената заштита на оваа категорија животни. 

Со цел да се обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на граѓаните и да се гарантира консумација на безбедно месо кое потекнува од здрави животни, почитувајќи ги културните и религиските барања на верските заедници, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира граѓаните да не купуваат животни од диви пазари, односно месо да набавуваат од одобрени месарници. 

Движењето на животните  да се врши исклучиво со поседување на сертификат за здравствена состојба на секоја единка а колењето да се врши во одобрени кланици од страна на Агенцијата. Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Министерството за внатрешни работи ги засили контролите на движењето на животните. 
 

Ознаки
Категорија