Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 000 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 000 210
Следува награда од 2500 денари

Позитивно оценета реализацијата на Програмата за здравствена заштита на животните

27.07.2020
Состанок ФВМ - АХВ

Новонастанатата ситуација која ја наметна светската пандемија со корона вирусот и која и кај Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од март годинава наложи функционирање по нови правила, во нови услови, не е се одрази негативно на работењето и реализацијата на програмите за безбедност на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните на Агенцијата. Како што заклучија на денешниот состанок, претставници од Секторот за здравствената заштита и благосостојбата на животните при АХВ и од Ветеринарниот и Институтот за храна при Факултетот за ветеринарна медицина и планираните активности од годинашната Програма за здравствена заштита на животните во целост се реализирани.


Очекувањата се дека  до крајот на годинава, согласно утврдената динамика, ќе се заокружи реализацијата на сите програмски активности. Претставниците на двете институции на состанокот дадоа насоките за утврдување на приорите во Програмата за здравствена заштита на животните која ќе се креира за наредната година. 

 

Состанок фвм - ахв


Двете институции се договорија да се формираат работни групи кои ќе работат на новите програми за сузбивање и искоренување на болеста бруцелоза кај овците, козите и кај говедата, како и Програмата за сузбивање и искоренување на турберкулозата кај говедата. Претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство на состанокот најавија реализација на нови програми од областа на здравствената заштита на животните кои треба да бидат разгледани од страна на Факултетот за ветеринарна медицина со кој Агенцијата за храна и ветеринарство има потпишано договор  за вршење на лабораториски испитувања на земените мостри во рамки на реализирањето и на Програмата за здравствена заштита на животните. Предложените програми, опфаќаат спроведување на сет заштитни и превентивни мерки од областа на здравствената заштита на животните, кои се во насока на обезбедување на повисоки стандарди за здравјето на животните и заштита на јавното здравје. 
 

Ознаки
Категорија