Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 000 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 000 210
Следува награда од 2500 денари

АХВ потврди присуство на Син јазик во општините Македонски Брод и Кичево

10.07.2020
АХВ потврди присуство на Син јазик во општините Македонски Брод и Кичево

По пријава од надлежно ветеринарно друштво (08.07.2020 година), за сомнеж на болеста Син јазик кај овци и кози на територија на општините Македонски Брод и Кичево, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе епидемиолошко испитување во овие региони. Земени се примероци од сомнителните животни и по извршените лабораториски испитувања спроведени од страна на Факултетот за ветеринарна медицина. Агенцијата за храна и ветеринарство ја потврди појавата на болеста Син јазик кај 12 грла овци во две одгледувалишта во село Грешница (општина Македонски Брод) и во едно одгледувалиште во село Свињиште (општина Кичево). 

За да се спречи ширење на болеста, АХВ донесе решение  за спроведување мерки на одгледувалиштата каде е потврдено присуство на болеста. 

Сточарите на кои ќе им бидат одземени животните кај кои ќе биде потврдено присуство на болеста ќе бидат обесштетени. Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе бидат присутни на терен и ќе ја следат состојбата со болеста во овие региони. 

Стручните служби на АХВ ветеринарство ја пријавија болеста во Системот за нотификација на болестите кај животните на Европската унија (ADNS) и во WAHIS системот на Светската организација за здравствена заштита на животните - ОИЕ. 

Болеста син јазик не е зооноза односно таа не се пренесува и не е опасна за луѓето но, сепак, не треба да се консумира месо од заболено животно. Станува збор за вирусно заболување кај домашните и дивите преживари (овци, кози и говеда). Синиот јазик се пренесува единствено преку каснување од инсекти (мушички) од видот Culicoides, во периодот на нивна активност (април- ноември), особено во услови на висока температура и влажност. Болеста не се пренесува од животно на животно, преку контакт. 

Во нашата земја, присуството на болеста е последен пат евидентиран во 2015 година. 
 

Ознаки
Категорија