Атанасов посети компании од земјоделско-прехранбениот сектор во кавадаречко

06.07.2020
Атанасов посети компании од земјоделско-прехранбениот сектор во кавадаречко

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес во рамки на теренските активности, посети три компании од земјоделско прехранбениот сектор од кавадаречкиот регион – мелничко пекарската индустрија „Жито Југ“, компанијата „Слога пром”, која се занимава со увоз и дистрибуција на месо и храна од неживотионско потекло и месната индустрија „Дироко”.

 

 

Агенцијата за храна и ветринарство обезбедува високи стандарди за безбедност на храната што овозможува и зголемување на конуретноста на компаниите од земјоделско прехранбениот сектор, на домашните, но и на странскиоте пазари. Во соработка со операторите, најчесто и на нивна иницијатива, Агенцијата работи на усогласување на европските стандарди за безбедност и квалитет на производите, прилагодувајќи ги прописите од областа на безбеднсота на храната на домашните услови на стопанисување – истакна директорот Атанасов.

 

 

 

1

 

 На средбата со операторите со храна од овој регион се разговараше за актуелната состојба со пандемијата, мерките на Владата на Република Северна Македонија за поддршка на стопанството, а акцент беше ставен на спроведувањето на мерките за заштита од вирусот КОВИД 19 кои ги донесе Влада и почитувањето на препораките за работа кои ги пропиша Агенцијата за храна и ветринарство со цел заштита на здравјето на потрошувачите, гарантирање на безбедност на производите и заштита на здравјето на вработените во компаниите кои работат со производство, преработка, транспорт и трговија со храна. 
 

Ознаки
Категорија