Свињарството го отвора европскиот пазар

03.07.2020
Свињарството го отвора европскиот пазар

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес ја посети свињарската фарма “Вини фарм” од виничкото село Пеклане. Како што истакна тој при посетата на ова одгледувалиште во придружба на сопственикот Тоше Атанасовски, до Агенцијата за храна и ветеринарство се поднесени барања од неколку фарми за стекнување на статус слободни од болеста трихинелоза, што е резултат на континуирана работа во изминатиот период и од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, но и од самите фармери во поглед на унапредување на биосигурноста на фармите и заштитата на животните од болести.

Стекнувањето со статус слободно одгледувачите од трихинелоза и категоризирање на фармата во одгледувалиште со низок ризик од опасност од заразни болести се еден од основите за намалување на производствените трошоци, зголемување на конкуретноста на домашното производство. Затоа, ги повикуваме фармите да поднесат барање до Агенцијата за стекнување на овој статус со кој одгледувачите ќе немаат обврска за задолжително лабораториско испитување на секое грло, туку само на 10 проценти од вкупниот број на товеници. Ова значи директно намалување на трошоците за производство преку намалување на трошоците за лабораториски испитувања - истакна Атанасов.

Со укинување на вакцинацијата против болеста класична свинска чума, што, додаде директорот Атанасов, исто така значи директно намалување на призводствените трошоци, очекуваме дека веќе од почетокот на идната, ќе добиеме статус на слободна земја од болеста класична свинска чума и ќе почнеме извоз на свинско месо и производи од свинско месо на европскиот пазар.
 

Ознаки
Категорија