Безбедноста на вработените во АХВ за заштита од КОВИД 19 подигнати на највисоко ниво

09.04.2020
Безбедноста на вработените во АХВ за заштита од КОВИД 19 подигнати на највисоко ниво

Агенцијата за храна и ветеринарство наостро го осудува обидот на порталот ak-press.mk, да ја манипулира јавноста, ширејќи лажни вести дека е доведено во прашање функционирањето на Агенцијата и контролата на безбедноста на храната, поради потврден случај на заболено лице од овој вирус, кое е вработено во институцијата. Во услови на прогласена пандемија и на највисоко ниво подигнати мерки за заштита од вируот од страна на државата, неодговорно кон граѓаните е со создавање на лажна слика за реалнита состојба да се креира колективна несигурност и да се создава паника.

Агенцијата за храна и ветеринарство и во вакви услови е максимално посветена на исполнување на законските обврски за контрола на безбедноста на храната и здравјето на граѓаните и ниту во еден случај, не е доведено во прашање нормалното функционирање на институцијата. На максимално високо ниво во Агенцијата имплементирани се сите препорачани безбедносни мерки и препораки од Владата и Комисијата за заразни болести за заштита од КОВИД 19. 

Како превенција, 7 други вработени кои биле во контакт со вработената која не доаѓа на работа од 2 април, односно една седмица, минатата недела се испратени во домашна изолација. Уште денес е направена реорганизација на Секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните, и тој продолжува да работи непречено. Министерството за здравство ги реализира епидемиолошките анкети со вработените, по што ќе се одлучи колку луѓе ќе бидат дополнително ставени во изолација, за што дополнително ќе известиме. 

Ознаки
Категорија