Препораки за купување на храна во време на пандемија од Корона вирус

20.03.2020
Препораки за купување на храна во време на пандемија од  Корона вирус

Пазарете во најблиските продавници, бидејќи со тоа го ограничувате и скратувате времето на движење надвор од домот.

Задржете се што пократко во продавницата, со тоа што ќе направете список дома за вашите потребни намирници и  така ќе го скратите времето на престој во продавниците за храна.

Доколку е возможно обезбедете маска и ракавици и користете ги за време на пазарењето.

Кога избирате храна во вакви услови, најдобро е да изберете прехранбени производи кои вообичаено ги купувате, така што не морате детално и целосно да ги читате иформациите од етикетите, бидејќи тие етикиети од  претходно ви се познати.

Задолжително направете визуелен преглед на амбалажата или производот, односно проверете дали амбалажата е оштетена и проверете  ги органолептичките својства.

Задолжително проверете  го датумот на производсво, односно рокот на траење.

По завршување на пазарењето и излегувањето од продавница, дезинфицирајте ги рацете со препорачано средство за дезинфекција.

Користените ракавици за еднократна употреба по напуштањето на продавницата фрлете ги во канта за отпадоци.
 

Ознаки
Категорија