Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Објавен е најновиот извештај за антимикробната отпорност на зоонозите

05.03.2020
Објавен е најновиот извештај за антимикробната отпорност на зоонозите

Salmonella и Campylobacter стануваат се поотпорни на ципрофлоксацин, кој претставува еден од антибиотиците кои најчесто се користат при инфекции со овие бактерии. Ова е заклучокот од последниот извештај за антимикробната отпорност на зоонозите кој е објавен од страна на Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ECDC) и Европската агенција за безбедност на храна (EFSA), кој во исто време ги соджи и некои од позитивните трендови во секторот за здравствена заштита на животните.

Последните податоци укажуваат дека голем дел од бактериите на ципрофлоксацин, особено во случај на одредени видови Salmonella, а во исто време покажуваат отпорност и на високи концентрации на ципрофлоксацин и тоа 1.7% (2016) до 4.6% (2018). Во случајот на Campylobacter, 16 од 19 земји имаат пријавено многу висок процент на отпорност на ципрофлоксацин.

Врз основа на податоците за антимикробната отпорност собрани за 2017 и 2018 година, Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) ја ажурираше интерактивната алатка за визуелизација на податоците поврзани со антимикробната отпорност.

Оваа интерактивна алатка содржи податоци за нивоата на антимикробна отпорност за Salmonella, E. Coli и Campylobacter во храна, живи животни и луѓе, по земји членки на Европската унија.

Интерактивната природа на алатката овозможува пребарување по земја или антибиотик, со помош на едно кликнување.

Во овој момент, интерактивната алатка за визуелизација на податоците поврзани со антимикробната отпорност е достапна на англиски, италијански и германски јазик кои воедно се и официјални работни јазици во ЕФСА, а истата е креирана врз основа на збирниот извештај на Европската унија за антимикробната отпорност.

Република Северна Македонија, како земја која сеуште не е членка на Европската унија, овие податоци ги доставува на волонтерска основа и за 2018 година, согласно податоците прибрани за време на спроведување на соодветните програми за мониторинг, нашата земја има репортирано отпорност на третата генерација цефалоспорини во 1/9 изолати од кокошки несилки, што резултира со средно ниво на отпорност од 11.1%.


Целиот извештај и интерактивната алатка се достапни на следниот линк:

 

 

Ознаки
Категорија