Jавен повик за експерти од областите на безбедноста на храната, храната за животни и ветеринарна и фитосанитарна политика, за учество во националните платформи

24.02.2020
Jавен повик за експерти од областите на безбедноста на храната, храната за животни и ветеринарна и фитосанитарна политика, за учество во националните платформи

Во  постапките  на  процена  на  ризик  Агенцијата  може  да  користи  стручна  помош  од експерти  од  областите  на  безбедноста  на  храната,  храната  за  животни  и  ветеринарно  и фитосанитарна  политика.


Во  согласно со член 120 од Законот за безбедност на храна и Одлуката за формирање на Националниот совет,  Агенцијата за храна и ветеринарство  објавува Јавен повик за експерти.

 

 

 

 

страна 1

 

страна 2

 

Во прилог на Јавниот повик е “Правилникот за формата и содржината  на  барањето  за вклучување на експерти  во листата  на  Националната платформа,  поблиските  критериуми  за избор и висината на надоместок за работа на учесниците во Националната платформа“ во кој е Барањето за вклучување на експерти во листата на Националната Платформа.  

 

 

Рокот за доставување на апликациите од експертите е 30 дена од денот на објавувањето. Пополнетото и потпишано Барање, заедно со потребните документи посочени во Јавниот повик и во правилникот „Правилник за формата и содржината  на  барањето  за вклучување на експерти  во листата  на  Националната платформа,  поблиските  критериуми  за избор и висината на надоместок за работа на учесниците во Националната платформа“, да се достават во архивата на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во насока на почитување на препораките на Владата на Република Северна Македонија за превенција и спречување на ширењето на КОВИД 19 вирусот, потребните документи може да се достават и во скенирана форма по електронски пат на електронските адреси:

ldamevska@fva.gov.mk

lidija.damevska@gmail.com 


 

Ознаки
Категорија