Ќе расте побарувачката за животински протеин, аквакултурата - алтернативен извор

06.02.2020
Ќе расте побарувачката за животински протеин, аквакултурата - алтернативен извор

Светската стручна јавност алармира за се поголем недостиг од животински протеин во наредните триесет години, а ваквата состојба ја наметнува потребата од наоѓање на алтернативни извори за негово обезбедување. Аквакултурата е еден од нив и затоа во годините пред нас, како држава, институција и ветеринарна фела, треба да посветиме се поголемо внимание за нејзин развој. Во функција на унапредување на рибарството во земјава е финансиската поддршка која сега ја дава државава за развој на сточарството, за отворање на нови и осовременување на постоечките објекти за аквакултура. Можност за унапредување на оваа гранка, има и преку европските фондови.

Ова, денес го истакна директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов,  на отворањето на дводневната работилница за болести кај животни од аквакултурата, која на барање на Агенција за храна и ветеринарство ја организира Ветеринарна комора на Република Северна Македонија, со цел утврдување на нивото на знаење во оваа област на докторите по ветеринарна медицина и планирање на понатамошни форми за континуирана едукација.

 

Ќе расте побарувачката за животински протеин, аквакултурата - алтернативен извор


Во однос на аквакултурата, како што истакна директорот Атанасов, различни се принципите во делот на производството во споредба со останатите гранки од сточарството и во Европа и затоа, како држава аспирант за членство во Унијата, како институции и оператори, ќе треба се прилагодиме и да ги следиме овие принципи. Тоа, додаде тој, бара од нас и како стручна фела, постојано да ги унапредуваме знаењата од областа на ветеринарството кои се однесуваат на аквакултурата.

 

Ќе расте побарувачката за животински протеин, аквакултурата - алтернативен извор


На работилницата која и денес и утре се одржува во Скопје, како што информира претседателот на Ветеринарната комора, Томислав Николовски, своите знаења и искуства од оваа гранка од сточарството ќе ги пренесат домашни и странски експерти. За епидемиологијата, дијагностиката и клиничката слика  на болестите кај пастрмките, денес Проф.д-р Стојмир Стојановски од Хидробиолошкиот завод – Охрид, изведе практична вежба на која беше објаснет и начинот на земање и дистрибуција на мостри.

Претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство ги презентираа обврските согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните, а во текот на утрешниот ден   ќе се дискутира и за законската рамка за производство и ставање во промет на аквакултура, биосигурносните мерки како и пристапот во оваа област од аспект на ветеринарното јавно здравство.
 

Ознаки
Категорија